Остануваме со вести од НБА лигата каде актуелен е преодниот рок.
Одиме кај поранешниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс каде првата ѕвезда на тимот Стеф Кари го обнови договорот и испиша историја во лигата како прв кошаркар кој потпишал два договора со тимот за сума од над 200 милиони долари.
Кари треба да потпише 4 годишен договор вреден 215 милиони долари. Тој влезе во последната сезона од договорот која му носи 45,78 милиони долари, а Вориорси повторно ќе го наградат со максимален договор.
Кари беше драфтуван како седми избор во 2009 година, сите 12 сезони ги помина во Вориорси.
Два пати беше МВП во регуларниот дел од сезоната, а во минатата во која Вориорси не влегоа во плеј-офот беше најдобар стрелец на лигата со 32 поени по натпревар.