Две големи НБА ѕвезди од синоќа имаат нов клуб

Loading

Неколку трансфер бомби се случија изминатото денонокие во НБА лигата.

Најпрво тимот на Чикаго Булс од следната сезона ќе има тим за респекс откако донесе три звучни имиња во своите редови.

По ангажирањето на Лонзо Бол од Њу Орлеанс и Алекс Карузо од Лејкерс, биковите во своите редови го донесоа и Демар Дерозан од Сан Антонио.

Дерозан ќе потпише тригодишен договор со Булси вреден 85 милиони долари. Ростерот ќе биде навистина конкурентен, бидејќи покрај Дерозан, Карузо и Бол тука се и Никола Вучевиќ и Зек Левин.

На западот Лејкерси не застануваа со трансферите. По враќањето во тимот на Хауард, Ариза и Бејзмор, во тимот на Леброн, Дејвис и Вестбрук доаѓа и ветеранот Кармело Ентони кој потпиша едногодишен договор.

Ентони две сезони играше за Портланд каде доби шанса и се врати во својот претпознатлив ритам, а претходно настапуваше за Хјустон, Њујорк и Денвер каде ја започна кариерата.