Шарапова се враќа на тениските терени на стартот од 2017 година!

Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за играње тенис, поради тоа што беше обвинета за користење на недозволени супстанци.

шарапова2

Според претседателот на руската тениска федерација, Марија Шарапова на терен може да се врати на почеток од следната година.

„Конечната одлука за нејзиниот статус ќе се донесе за некој месец, но моја претпоставка е дека Марија на терен ќе се врати на почетокот од следната година“, тврди Тарпишчев.

Некогашната прва светска тенисерка беше позитивна на тестот за недозволени супстанци, веднаш по одржувањето на Австралија Опен, по што се случи нејзината пресконференција, на која таа ја информираше јавноста за што точно станува збор.