Се спрема трансфер бомба во Шпанија! Замислете Кристијано Роналдо во Барселона!?

Loading

Португалецот и Барселона – медиумите горат за можен трансфер!

роналдо3

Кристијано Роналдо нема уште долго да остане уште во Манчестер Јунајтед. Португалецот е крајно незадоволен, пред се од состојбите во тимот и резултатите.

Тој сака да освојува трофеи, а тоа со Ѓаволите е далеку од реалност …

Токму затоа медиумите на Островот и Пиринеите почнаа многу да шпекулираат каде ќе ја продолжи кариерата Кристијано. Слоганот им го даде и Тони Фрејша, поразениот кандидат за претседател на Барселона на неодамнешните избори.

– Ако некогаш во историјата имало момент за тоа фудбалско лудило, тогаш е сега – изјави Фрејша на гостувањето во „Ла Портерија“, а пренесува Абола.

Роналдо најголемиот дел од својата импресивна кариера го помина во Реал.