Роналдо е се повеќе нервозен – Ги загуби нервите на пресот со новинарите!

Loading

Членот на Манчестер Јунајтер и фудбалер на Португалија, Кристијано Роналдо жестоко го изнервираа новинарските прашања на прес-конференцијата пред финалниот натпревар од баражот со нашата репрезентација.

Португалија вечера игра на домашен терен против Македонија, во решавачкиот натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

Новинарите се интересираа дали Роналдо ќе стави крај на репрезентативната кариера, доколку неговата репрезентација не успее на овој меч.

Прашањето не му се допадна на Португалецот.

„Почнуваш да повторуваш. Ова не е прв пат да ми го поставуваш тоа прашање. Јас сум тој што одлучува за мојата иднина, никој друг. Ако сакам да продолжам да играм, ќе играм. Ако не, нема да играм. Јас сум главен и точка“, луто одговори Роналдо.

Натпреварот започнува вечерва од 20:45 часот на стадионот Драгао во Порто.