ФФМ го одврза кесето – Еве колку ќе добијат фудбалерите ако ја победат Португалија!

Loading

Фудбалска Македонија освен шансата да игра на најголемиот светски собир кон крајот на годината во Катар, ќе има и мотивација плус откако ФФМ ја објави премијата што фудбалерите треба да ја добијат ако се најдат на Мундијалот.

makedonija fifa

ФФМ подготви бомбастичната премија од 4,5 милиони евра!

Ако Македонија ја победи Португалија во Порто ја чека само за пласман бонус од ФИФА од дури 12,5 милиони долари, а уште од поодамна постои договор дека третина од парите за најголемите успеси ќе одат на сметките на фудбалерите.

За пласманот на Еуро 2020, фудбалерите добија премија од скоро три милиони евра кои ги поделија.

Владата на Македонија и премиерот Димитар Ковачевски, пак, пред заминување на фудбалската репрезентација за Порто им вети премија од државата во висина од 500.000 евра.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!! ОДИМЕ НА ПОБЕДА!!!