Рио 2016: Дерби дуели уште во 1.коло на тенискиот турнир, Мареј со Троицки, Џоковиќ со Дел Потро!

Loading

Новак Џоковиќ од Србија во првото коло на олимпискиот турнир во Рио за противник го доби секогаш незгодниот аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро.

тенис рио

Ова двојка привлекува најголемо внимание, особено што Џоковиќ ќе „бара“ реванш за поразот од Дел Потро во мечот за бронзениот медал на Игрите во Лондон пред четири години.

Бранителот на златото од Лондон, Британецот Енди Мареј, како втор носител, во 1. коло ќе игра против Србинот Виктор Троицки, додека Рафаел Надал за ривал ќе го има Аргентинецот Федерико Делбонис.

џоковиќ рио1

Кај жените олимписката шампионка од Лондон, Серена Вилијамс во 1. коло ќе игра против Дарија Гаврилова од Австралија.

Најинтересен меч на стартот кај жените е дуелот помеѓу Гарбине Мугуруза и Јелена Јанковиќ.