Распродажба во Челзи – Заминуваат голем број познати фудбалери!

Loading

Челзи го собори рекордот оваа сезона кога е во прашање обештетувањето за доведување играчи.

Лондонскиот клуб потроши повеќе од 600 милиони евра, па во следниот преоден рок ќе мора да ја исчисти соблекувалната и дел од парите да надомести со излезни трансфери.

Атлетик објави дека шест фудбалери си заминуваат од Челзи. Тоа се Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Цезар Аспиликуета, Рубен Лофтус-Чик, Кристијан Пулишиќ и Пјер-Емерик Обамејанг.

Тие имаат договори до летото 2024 година, па Челзи не сака да ги загуби без обештетување, бидејќи споменатите фудбалери веќе би можеле да преговараат со заинтересираните клубови и да потпишат преддоговори во јануари следната година.

Ковачиќ, 28-годишниот играч од средниот ред, е во Челзи од 2019 година. Лондонскиот клуб за него плати 45 милиони евра на Реал, а Transfermarkt неговата вредност денес ја проценува на 40 милиони.

Оваа сезона одигра 26 натпревари и постигна два гола со една асистенција.