(ВИДЕО) Медведев до судијата – ,,Одам во тоалет и ќе бидам таму 25 минути!,,

Loading

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во четвртото коло на АТП турнирот во Индијан Велс со победата против Белорусинот Илја Ивашка.

фото: Printscreen

Медведев беше подобар со 2:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:1). Иако му оди добро, тој се пожали на, според него, премногу бавната подлога и се пожали на судијата.

„Одам во тоалет и ќе мочам полека како ова поле. Ќе ми требаат 25 минути. Теренот е бавен, па и јас ќе бидам бавен, изјави рускиот тенисер.

„Треба да го прифатиш тоа, ти си професионалец“, одговори судијата, но Медведев беше подготвен: „Не го прифаќам ова. Пишува дека ова е тврда површина, но ова не е тврда подлога“, одговорил Русин, кој го чека Александар Зверев во осминафиналето.