Ракометна Македонија ги дозна противниците во баражите за пласман на СП 2023 година!

Loading

Во Будимпешта денеска со ждрепка беа извлечени двојките за бараж дуелите кои Македонија треба да ги игра за пласман на СП 2023.

Поради лошиот пласман на ЕП 2022, Македонија ќе мора да одигра два бараж дуела за да избори пласман на ракометниот Мундијал следната година.

Ждрепката сакаше во првиот бараж дуел да ги вкрстиме копјата со Романија, а натпреварите се играат меѓу 14 и 20 март.

Доколку ја минеме Романија во двомечот, во вториот бараж ќе играме со добро познат противник кој ни е должник од претходните баражи, репрезентацијата на Чешка.

Вторите баражи на програмата се на 11 и 17 април.

За потсетување, Македонија минатата година играше на СП во Египет токму благодарение на Чешка која го откажа настапот поради пандемијата.

Инаку со Чешка имам скор од 4 победи, 5 порази и 2 нерешени средби, а со нив игравме во квалификациите за ЕП 2020, за ЕП 2018, за ЕП 2016, како и бараж за СП 2017.