ПСЖ веќе се кае за Меси кој има посебна клаузула – Што се прифати клубот од Париз само да го доведе!

Loading

Лео Меси летово пристигна во Пари Сен Жермен бидејќи Барселона немаше пари да го плати, но се уште се „бара“, и е далеку од старата форма кога доминираше во светскиот фудбал.

меси

Освен што е потребно време за да се аклиматизира во новиот тим – се мачи и со повреди, поради што Маурисио Покетино го извади од мечот со Лил, бидејќи повеќе одеше отколку што учествуваше во играта.

Моментално одмора поради повреда и се надеваа дека ќе ја „скокне“ Аргентина, но од тоа нема да биде ништо поради клаузулата во договорот.

Имено, при потпишувањето на двегодишната соработка – Меси инсистираше дека постои клаузула која вели дека „Аргентина е приоритет“, односно дека може и покрај се да игра за репрезентацијата.

Тоа значи дека ПСЖ е на второ место, и дека и покрај се клубот не смее да се жали и да се заканува.

Така, Меси наместо да одмора и да се опоравува за натпреварите на Пари Сен Жермен, ќе одигра многу предизвикувачки натпревари за Аргентина против Уругвај и Бразил, каде исто така може да ризикува повреда.

Сепак, клубот од Париз не смее за ништо да му замери, таков е договорот и многу добро знаат што прифатиле.

Интересно е што Меси во репрезентацијата на Аргентина ќе игра со 18-годишниот Матијас Соуле, кој сезонава нема постигнато ниту еден гол во Серија Ц, како и Лео во првата лига на францускиот фудбал.