Продолжува да се шири НБА лигата – Повеќе нема да се игра само во Америка!

Loading

НБА наскоро би можела да биде побогата за нови тимови.

Долго време се зборува за проширување на НБА лигата и дека уште најмалку две екипи би стигнале до најсилната кошаркарска лига на планетата.

Како што изјави Марк Спирс, добро информиран американски кошаркарски новинар, постои шанса НБА да го добие својот нов тим во Мексико.

,,Тргнете го Лас Вегас настрана, тргнете го Сиетл настрана. Мексико Сити е легитимен кандидат за нова франшиза штом НБА ги отвори преговорите за проширување на тимовите – вели Спирс.

Кога се внесуваат нови тимови, односно кога се проширува лигата, се одржува таканаречениот „Expansion Draft“ каде 30 екипи задржуваат одреден број играчи (на пример, 8), а остатокот од ростерот оди во „тапанот“.

На тој нов драфт, тимовите избираат нови играчи со кои ќе го започнат својот НБА живот, а истото лето ги чека НБА драфтот каде ќе бираат дебитанти.