Поранешниот голман на РК Вардар доживеа срцев удар!

Loading

Арпад Штербик, поранешниот голман на репрезентацијата на Југославија, Србија и Црна Гора и Шпанија, доживеа срцев удар.

Оваа вест ја потврдија и луѓе од РК Веспрем каде Штербик моментално е тренер на голманите.

– Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не отпатува со екипата во вторникот. Утрото му се слошило и завршил во болница каде било констатирано дека имал инфаркт. Благодарение на брзата реакција на лекарите тој сега се чувствува подобро и до утре треба да замине од интензивна нега. Му посакуваме брзо закрепнување и чекаме да се врати – клупското соопштение потврди дека трагедијата била спречена со брзата реакција на лекарот.

Арпад Штербик е роден на 20 ноември 1979 година и во текот на кариерата бранеше за Југовиќ, Фотекс Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, Вардар и Телеком Веспрем.

Од 1999 до 2006 година бранеше за репрезентацијата на Југославија и Србија и Црна Гора, а подоцна беше голман на Шпанија.

Тој исто така ги бранеше боите на поранешниот европски шампион РК Вардар од 2014 до 2018 година. Во 2017 година стигна и со овој клуб до титулата во Лигата на шампионите.