Словенецот Алеш Пипан по вторпат го напушти кормилот на македонскиот шампион МЗТ Скопје и повеќе не е тренер клубот од Аеродром.
Тренерот и клубот постигнале взаемна согласност за прекин на соработката.
Пипан со МЗТ Скопје освои 4 титули, две во првенството, една во Купот на Македонија, а на почетокот на оваа сезона го освои Суперкупот во домашната кошарка.
Прекинувањето на соработката помеѓу Алеш Пипан и МЗТ Скопје доаѓа по поразот од Цедевита во 13.коло во АБА лигата, кој за металците беше шести по ред или вкупно деветти во регионалното првенство.
МЗТ Скопје е на 12 место со само 4 победи и е во друштво на Цибона и Сутјеска и само поради подобрата кош разлика не е на последното 14-то место во лигата.
Пипан по разделбата со МЗТ Скопје веќе се поврзува со својот поранешен тим Крка, додека МЗТ Скопје допрва треба да бара нов тренер.