На неколку дена пред стартот на вториот тениски гренслем турнир Роланд Гарос се случија неколку откажувања кај мажите и жените.
Кај мажите турниот го откажа Роџер Федерер кој во 2009 година го освои Ролан Гарос, а оваа сезона има проблеми со повредите, го оперираше менискусот на десното колено, потоа имаше стомачен вирус, а потоа се здоби со повреда на грбот.
Федерер со неучеството на Ролан Гарос стави крај на рекордната низа од 65 последователни настапи на Грен слем турнирите.
Во Франција нема да настапи ниту домашниот тенисе Гаел Монфилс, поради грип. Монфилс, неколку дена се бори со „силен вирус“ и поради тоа решил да го откаже настапот пред домашната публика.
Еден од најатрактивните тенисери на денешницата, во кариерата 10 пати настапил на Ролан Гарос, а најдобар резултат му е полуфиналето во 2008 година.
Кај дамите откажа Каролина Вознијацки, а нема да игра и Марија Шарапова која е суспендирана од тенисот.
Вториот Грен слем турнир во сезоната започнува в понеделник, наградниот фонд изнесува 32.017.500 евра.
Титулата во машка конкуренција ја брани Стен Вавринка, а кај дамите Серена Вилијамс.