Пеп Гвардиола итно опериран – Сити објави соопштение кое сите ги остави во шок!

Loading

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил итно опериран поради проблеми со кичмата. Неговото враќање на клупата на Сити се очекува по 12 септември, соопшти денеска актуелниот европски шампион.

Од клубот изјавија дека Гвардиола извесно време имал силни болки во грбот, поради што решил да оди на операција во Барселона, каде што ќе закрепне.

Операцијата била успешна, се вели во соопштението, кое ги изненади повеќето фудбалски фанови бидејќи не знаеле дека ситуацијата е толку сериозна што е потребна итна операција.

Него на клупата ќе го замени помошникот Хуан Мануел Лиљо, а Гвардиола би требало да се врати по завршувањето на репрезентативната пауза (од 7 до 12 септември).

Пред репрезентативната пауза, Сити игра уште два натпревари во Премиер лигата, против Шефилд Јунајтед и Фулам.