(ВИДЕО) Партизан пушта нова бомба – Во Белград доаѓа НБА шампионот во забивање!?

Loading

Американскиот НБА ас Теренс Рос потврди дека добил понуда од Партизан.

Поранешниот осми пик на НБА драфтот не ја исклучи можноста кариерата да ја продолжи во некој српски клуб.

„Ми понудија договор. Бев во фазон: Кој знае?“, рекол Рос за време на разговорот на популарниот Твич.

Теренс Рос (32) игра на позициите бек и крило и има исклучително богато НБА искуство.

Минатата сезона настапуваше за тимот на Феникс Санс, а моментално е без ангажман и слободно може да избере нова средина.

На драфтот во НБА во 2012 година, Рос беше избран од Торонто Репторс како 8-ми пик. Тој помина пет години во овој клуб и имаше доста забележителен настап.

Во 2017 година премина во редовите на Орландо Меџик каде со голем успех настапуваше седум сезони. Ги одигра своите најдобри игри во сезоната 2020/21. кога имаше просек од 15,6 поени по натпревар.

Претходната сезона ја мина во Феникс и имаше забележителен настап. Просечно постигнуваше девет поени за нешто повеќе од 18 минути по натпревар.

Интересно, овој исклучително атрактивен кошаркар беше победник на натпреварот во забивање на Ол-старот на НБА во 2013 година…