Двократниот светски шампион во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо, веќе почнува да размислува за пензионирање, откако петнаесет години е дел од најбрзиот циркус на денешницава.
Тој испрати пофални зборови за Кими Раиконен, Џејсон Батон и Фелипе Маса, за нивната неуморливост.
Tитулите како светски шампион ги освои во 2005 и 2006 година со тимот на Рено.
,,Кога ги гледам Раиконен, Батон и Маса, мислам дека тие никогаш нема да се откажат.
,,Веројатно, јас нема да бидам во таква ситуација. Кога ќе дојде време, ќе се повлечам.
,,Чувствувам дека доаѓа крајот на мојот детски сон, изјави Алонсо.