Падна одлуката – Сепак Кристијано Роналдо нема да оди во затвор!

Loading

Американскиот суд ја отфрли граѓанската тужба за силување против португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, поднесена од поранешна американска манекенка, според одлуката на судот, која денеска ја консултираше АФП.

Судот во Невада го отфрли случајот во петокот поради наводните прекршувања на адвокатката на обвинителката Кетрин Мајорг.

Мајорг ја обвини фудбалската ѕвезда дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас.

Во 2019 година, американскиот суд одлучи да не го гони Роналдо во кривична постапка поради недостаток на докази.