Нова трансфер бомба во Англија – Ливерпул донесе напаѓач од 100 милиони евра!

Фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњез е блиску до преселба во Ливерпул во трансфер кој би требало да изнесува 100 милиони евра, објавија денеска португалските медиуми.

Португалските весници „Рекорд“ и „А Бола“ наведуваат дека двата клуба постигнале договор вчера во Лисабон, а европскиот вицешампион за уругвајскиот напаѓач би платил 75 милиони евра, плус дополнителни бонуси во висина од 25 милиони евра.

Локалниот јавен сервис (РТП) пренесува дека Ливерпул за трансферот ќе плати 80 милиони, со бонус од 20 милиони евра.

Нуњез дојде во Бенфика во 2020 година од Алмерија, а 22-годишниот Уругваец постигна 47 гола на 84 натпревари за тимот од Лисабон, со 16 асистенции.