Нови проблеми за Ливерпул. Капитенот Хендерсон ќе паузира 2 месеци

Тимот на Ливерпул со две победи ја стартуваше новата сезона во Премиер лигата но оттогаш не знаат за победа во продолжение на сезоната.

henderson

Нивните главоболки сега се уште поголеми откако пристигна нова лоша вест. Капитенот Хендерсон поради скршеница ќе отсуствува подолг период.

Клубот потврди дека Хендерсон ја заработил повредата на тренинг и поради фрактурата ќе паузира околу два месеци.

Ќе му биде извршен и оперативен зафат што е само продолжување на лошиот период за него, откако изминатиот период паузираше поради повреда на другата нога.

Хендерсон сезонава има само два настапи и не се вратил во тимот по принудната замена на дуелот со Бурнмаут.

Ливерпул одигра само 1-1 против Норвич на Енфилд.