Германецот Нико Розберг победи на последната трка во светскиот шампионат во Формула 1 и по шести пат се искачи на највисокото место од пиедесталот во сезоната.
Тој до третата победа по ред во шампионатот стигна во Абу Даби во болидот на Мерцедес, пред клупскиот колега Луис Хамилтон и пилотите на Ферари, Раиконен и Фетел.
Стартуваше од пол позицијата, а тимската тактика му овозможи доволна предност без проблеми да се задржи на 1.позиција до крајот на трката.
По завршната, 20-та трка од сезоната, Хамилтон заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а Фетел е на 3.место со 278, додека кај конструкторите победник е Мерцедес, пред Ферари и Вилијамс.
Следната сезона стартува на 20 март со трката за големата награда на Австралија во Мелбурн.