ПМФЛ: Вардар го искористи киксот на Шкендија и се одлепи на +4

Loading

Одиграно 16.коло во првата фудбалска лига на Македонија.

prva-mak-liga11

Фудбалерите на Вардар по ова коло ја зголемија предноста на табелата, во однос на Шкендија, на четири бода, откако на арената Филип 2 Вардар славеше над Ренова со 2:0, а Шкендија во дербито одигра 1:1 против Работнички.

Вардар со оваа победа се рехабилитираше од поразот против Шкендија во Купот на Македонија, а головите во второто полувреме ги постигнаа Дашјан и Петковски.

Шкендија, во Кичево, против Работнички освои еден бод. Гостите водеа со голот на Петровиќ по 20 минути игра, а во 36.минута конечниот резултат го постави Ибраими.

На другите средби: Шкупи – Силекс 0-0, Металург – Хоризонт Турново 2-2, Младост ЦД – Брегалница 1-4.

Табела: Вардар 39 бода, Шкендија 35, Силекс 23, Работнички 22, Шкупи 21, Ренова 17, Хоризонт Т. 17, Брегалница 16, Младост ЦД 13, Металург 12 бода.