Наскоро… Револуција во женскиот ВТА тенис!

Директорот на женската тениска асоцијација ВТА, Стив Сајмон најави големи промени во женскиот тенис.

вта

Целта е истиот да биде поатрактивен за гледачите.

Наскоро женскиот тенис може да претрпи сериозни промени доколку се остварат најавите на директорот на ВТА.

Една од варијантите е мечевите да се ограничат на 90 минути, друга е третиот сет да се игра во супер тај-брејк до 10 поени како што е сега во двојки.

„Промените ќе помогнат многу за време на тв преносите, а и би ги задржале гледачите на трибините.

,,Мора да размислуваме во таа насока.

,,На почетокот сигурно ќе има несогласувања, веројатно прво ќе почне да се променува во пониските рангови, а за некоја година да се пренесат промените во врвниот женски тенис“ – изјави директорот на ВТА.

вта1

Според него евентуалните промени би се случиле за три или четири години.