Мурињо му ја кажа суровата вистина на Озил во лице додека беа во Реал – Потоа меѓу нив се пукна!

Loading

Познатиот фудбалер Месут Озил неодамна одлучи да ги закачи копачките на клин и да замине во заслужена пензија.

Можеби ова е најдобрата одлука за него, со оглед на тоа што со години не игра на своето препознатливо ниво. Зад себе има феноменална и богата кариера, а најдобрите партии ги одигра во Реал Мадрид каде настапуваше од 2010 до 2013 година.

Шпанскиот весник „Ел Конфиденсијал“ пред неколку години објави снимки од разговорите на Флорентино Перез, на кои се слуша дека тој знаел се за љубовниот живот на Месут Озил, но за тогашната девојка немал ништо убаво да каже.

Инаку, Озил тогаш се забавуваше со венецуелската манекенка Аида Јеспика, а еден ден и со Жозе Мурињо.

“Озил се заљуби во манекенка од Милано. Мурињо му рече “целиот тим на Милан и Интер и целиот тренерски штаб спиеја со твојата девојка”.

Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава. Месут имаше 21 година кога дојде со девојката, но брзо ги откри шармите на Мадрид и го промени својот животен стил. Ја откачи тогашната девојка и ја замени со манекенката.

Користеше приватен авион за да се види со неа, да заврши работа и да се врати, кажа тогаш Перез на една видео снимка, а може да се каже дека потоа Мурињо и Озил влегоа во конфликт бидејќи на германскиот фудбалер не му се допаѓало што така зборува Жозе за Аида.

Недолго потоа Озил и Аида ставија точка на врската, а потоа германскиот фудбалер се ожени со шведската актерка со турско потекло Амина Ѓулше.