Стигнаа најдобрите можни вести за Новак – Се чека само уште еден потпис!

Loading

Новак Џоковиќ дефинитивно ќе може да настапи на последниот тениски гренслем во годината УС Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.

ФОТО: Profimedia

Американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Таа беше воведена од поранешниот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.

Горниот дом на Соединетите држави гласаше со 68 „против“ и 23 „за“ за ставање крај на вонредната состојба. Сите гласови против се од претставници на Демократската партија.

Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, наспроти 192 за укинување на декларацијата.

Се очекува актуелниот американски претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.

Декларацијата секако требаше да стапи во сила најдоцна до 11 мај, така што и невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во САД.