(ВИДЕО) Ова е најдобрата ракометна одбрана во историјата – Жива му ја фати и тоа со една рака!

Loading

Ракометарите на Гранољерс го совладаа Скендерборг Архус со 30:25 во реваншот од осминафиналето на Лига Европа и со тоа ја надополнија негативата од два гола од првиот натпревар.

фото: TWITTER/EHFEL_OFFICIAL/PRINTSCREEN

Шпанскиот тим се избори за место меѓу осумте најдобри екипи во ова натпреварување, а за тоа е заслужен и бразилскиот голман Рангел Луан да Роса, кој на неверојатен начин го одбрани пеналот на противникот.

Една од најдобрите одбрани во историјата на ракометот беше забележана на самиот почеток на натпреварот, поточно во осмата минута.

Домашните беа седуммина и се чинеше дека можат да ја намалат негативата на 4:3, но… Бразилецот со едната рака ја фати „жива“ топката и веднаш ја прослави нереалната интервенција.

Можеби токму овој потег беше еден од најважните на натпреварот бидејќи секако им даде голема самодоверба на неговите соиграчи.

Веќе имаа два гола предност, а полесно е да се игра кога знаеш дека твојот голман е толку добро расположен и нема лесно да прима голови на многу важен натпревар.

Погледнете како Рангел го одбрани седмерецот:

Екипата на Гранољерс со оваа победа обезбеди пласман во четврт-финалето на Лига Европа, а следен ривал во натпреварувањето, кое е  второ по ранг во Европа, ќе биде Флензбург.

Германскиот тим во претходното коло беше подобар од Бенфика.