Мурињо ја засилува Рома од Манчестер Јунајтед – Двајца дефанзивци во јануари доаѓаат во Рим!

Loading

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо планира да ја обнови соработката со двајца поранешни играчи.

Португалецот сака во редовите на римскиот клуб да доведе двајца дефанзивци на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф и Диого Далот.

Мурињо го донесе Далот во Манчестер летото 2018 година и одлично го познава, а голем плус е тоа што има искуство во играње во Серија А.

Далот минатата сезона беше на позајмица во редовите на Милан. Тој оваа сезона има само два старта во тимот од Олд Трафорд и сака да си замине.

Сега Рома во јануари би можела да плати шест милиони евра, за позајмица до крајот на сезоната.

Од друга страна, Линделоф падна во втор план со доаѓањето на Рафаел Варан.

Тој е обврзан со договорот до летото 2024 година, но Мурињо верува дека може да го доведе и него.