Џоковиќ и 4-та година по ред ја освои наградата ,,Златен компир,,

Најдобриот светски рекет во моментов Новак Џоковиќ, по четврти пат во последните пет години ја освои наградата „Златен кромпир“, која ја добива тенисерот кој освоил најмногу сетови со резултат 6:0.

djocovic1

Џоковиќ 12 сетови доби без загубен гем, четири повеќе од Енди Мареј.

Особено импресивната листата на тенисери на кои српскиот играч оваа година не им препушти ниту еден гем, два пати против Енди Мареј, Марин Чилиќ и Стен Вавринка и по еднаш против Кузњецов, Бердих, Клижан, Дарсис, Долгополов и Хајдер-Маурер.

Џоковиќ беше убедлив и кога станува збор сетовите добиени со 6:1, а оваа година 31 пат добивал сет со овој резултат.

Наградата „Златен кромпир“, прв пат е доделена во 2004 година, а Џоковиќ е првиот кој ја освоил 4-ри пати, 3 пати ја добил Надал, 2 пати Ферер и Федерер, а еднаш Робин Содерлинг.

Рекордот е во сопственост на Федерер кој во 2006 година 19 сетови добил со максимален резултат.

За да се влезе во конкуренција за оваа награда потребно е тенисерот да биде меѓу најдобрите осуммина на светот или да избори пласман на завршниот Мастерс.