ФИФА и „Франс Фудбал“ ги објавија тројцата финалисти за овогoдинешната награда „Златна топка за 2015 година“ која традицинално се доделува за најдобриот фудбалер на светот.
Па така тројцата финалисти се Лионел Меси, Кристиано Роналдо и Нејмар.
Победникот ќе се одлучи на 14-ти јануари на гала церемонија, а најголем фаворит е Лео Меси поради титулата во Лигата на шампионите.
Во категоријата за најдобар тренер финалисти се Луис Енрике, Пеп Гвардиола и Жорге Сампаоли кој со Чиле ја освои титулата на Копа Америка.
За наградата „Пушкаш“, за најубав гол на сезоната ќе се борат Алесандро Флоренци од Рома, Лионел Меси од Барселона и Вендел Лира од Бразил.
НАПОМЕНА: Доколку видеото не го покажува тука кликнете на Watch on YOUTUBE…