Меси го стигна Роналдо – Аргентинецот израмни два рекорда на Португалецот во ЛШ!

Loading

Лионел Меси со двата гола даде голем придонес во победата од 4:1 на Пари Сен Жермен над Бриж во последното 6.коло.

фото:Profimedia

Аргентинецот ги постигна последните два гола за парижаните, вториот од пенал. Тоа беше 22. пенал што Меси го изведе во Лигата на шампионите, со што се израмни со Роналдо.

Меси има 18 гола и четири промашувања од белата точка, а Роналдо 19 гола и три промашувања.

Меси во друг параметар стигна до својот голем ривал. Бриж е 38. клуб во Европа на кој му постигнал гол, па во таа статистика се израмни со Португалецот.