Македонската репрезентација до 21 година избори историски пласман во 1/8 финалето на СП 2017 што се одржува во Алжир.
Македонија во клучниот меч во групата Ц, во последното 5.коло ја победија селекцијата на Бразил со 28-23.
Уште на стартот избраниците на Илија Темелковски поведоа со два гола разлика. Бразилците за брзо време ја анулира разликата и се до 20 минута се играше израмнето. Во последните 10 минути од првиот дел Македонија постигна 5 а прими само два гола и на полувреме имавме предност од 14-11.
Второто полувреме Македонија го започна одлично, имаше водство од четири гола, но бразилците во 52.минута стигнаа до израмнување 22.22. Сепак Македонија го издржа и тој притисок и во продолжение даде шест, а Бразил само еден гол. Па така стигнавме до победа од 28-23.
Со победата над Бразил, Македонија обезбеди осминафинале, каде за противник ќе го имаме домаќинот на СП, селекцијата на Алжир.
Осминафиналните натпревари на програмата се утре (26 јули), а таму ќе се сретнат…
Франција – Фарски Острови,
Тунис – Исланд,
Германија – Шведска,
Данска – Норвешка
Унгарија – Словенија,
Хрватска – Русија и
Шпанија – Аргентина.
Дуелот Македонија-Алжир ќе се игра утре во терминот од 21 часот и 15 минути.
Еве како се радуваа нашите млади ракометари…
In an unforgettable match, @rfmhandball 🇲🇰 proved their power to defeat Brazil 🇧🇷 28:23 and advance to the eighth-finals! Честитки! 👏🎉 pic.twitter.com/SBcIWsjLJR
— IHF (@ihf_info) July 24, 2017