Лош старт со нови главоболки за Јувентус, се повреди Марио Манџукиќ

Старата дама по загубата на Маркизио се соочува со нови проглеми во играчкиот кадар.

mario1

Станува збор за нова повреда во таборот каде напаѓачот Марио Манџукиќ, ќе отсуствува од терените околу 1 месец.

Хрватскиот репрезентативец го повредил бутниот мускул на неделниот натпревар во Џенова, во кој Јувентус славеше над екипата за која игра Горан Пандев со 2:0.

На истиот натпревар и партнерот во нападот на Манџукиќ, Алваро Мората предвреме замина на клупата поради болки во стомакот, но прегледите покажале дека тој нема никаква повреда.

Манџукиќ ќе ги пропушти натпреварите против Торино во Серија А и Севиља во Лигата на шампионите, а најверојатно нема да биде ниту во составот на хрватската репрезентација на 10.октомври, и тоа на клучниот квалификациски натпревар против Бугарија.