Џенсон Батон става крај на Ф1 кариерата долга 15 години

Британскиот Ф1 возач кој моментално е член на Мекларен Хонда, Џенсон Батон ќе стави крај на својата кариера по крајот на оваа сезона во Формула 1.

Jenson Button was surprised by McLaren's decision to choose Kevin Magnussen as his 2014 team-mate

35 годишниот Батон по трката во Сингапур имал разговори со претседателот на Мекларен, Рон Денис и донел одлука на крајот од сезоната да се повлече од Ф1. Батон својата одлука би требало да ја соопшти веќе претстојниот викенд на трката за Големата награда на Јапонија.

AUSTRALIAN GRAND PRIX F1/2010 -  MELBOURNE 28/03/2010 - JENSON BUTTON  © FOTO ERCOLE COLOMBO

Jenson's helmet design for the Japanese GP

Џенсон пред трката во Сингапур изјави дека е охрабрен со напредокот во разговорите со Мекларен околу новиот договор и дека нема интерес да вози за друг тим во наредната сезона. Сепак тој наведе дека има надворешни фактори кои влијаат на преговорите.

Како негова замена во тимот на Мекларен се споменува името на Кевин Магнусен со кого возеше минатата сезона.

Jenson-Button-4

Во својата 19-годишната кариера во Ф1, Батон ја освои шампиоската титула во 2009 година со тимот на БАР Хонда, а во 278 трки има 15 победи, 50 подиуми, 1204 освоени поени и 8 пол позиции.

Неговиот прв старт во Формула 1 беше во 2000 година на трката во Австралија.