Кристијано Роналдо во голема криза – Вака очаен не бил цели 12 години!

Loading

Црната серија на Португалецот и понатаму продолжува …

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно ги разочараа своите навивачи. Во 24. коло од Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ ремизираа со Барнли нагости со (1:1) иако први беа во водство.

Првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо очигледно не му одговара на новиот тренер Ралф Рангник бидејќи од неговото доаѓање Португалецот не може да ја најде својата препознатлива игра.

Роналдо не успеа да постигне гол на пет врзани натпревари, а последен пат тоа му се случи во 2010 година на почетокот на кариерата во Реал Мадрид.

фото: GETTY IMAGES

CR7 ќе има шанса да ја прекине оваа црна серија в сабота против Саутемптон.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема петтата позиција на табелата и има дури 18 бодови помалку од првопласираниот градски ривал, Манчестер Сити.