Шпанецот Рафа Надал по Монте Карло стигна и до титулата во Барселона за негова 9-та во кариерата на овој АТП 500 турнир.
Надал ја освои 49-та титула на земјана подлога во своето 101 финале со што го израмни рекордот на Аргентинецот Гиљермо Виљас.
Тој во финалето во Барселона го победи Јапонецот Кеи Нишикори со 2:0 во сетови 6:4, 7:5.
Надал, покажа дека се враќа во препознатливата форма, а финалениот меч против Нишикори тој го заврши со 21 директен поен и 18 неизнудени грешки.
Надал за победата освои 500 атп бода и 460 илјади евра парична награда.
За минатогодишниот победник и овогодишен финалист Нишикори остана двојно пониската награда, но тој загуби 200 атп бода.