Кливленд и Сан Антонио први 1/2 финалисти во НБА плејофот

Loading

Во НБА лигата се одиграа 4 плејоф средби по две на истокот и западот.

cavs

Кошаркарите на Кливленд и Сан Антонио се првите полуфиналисти откако во минимални 4 средби ги елиминираа Детроит и Мемфис.

Сан Антонио со 4-0 во победи го елиминираше Мемфис од плејофот. Спарси во 4-тиот меч славеа нагости со 116:95. Каваи Ленард постигна 21, а Тони Паркер 16 поени за Сан Антонио, кој во конференциското полуфинале ќе игра со победникот од серијата помеѓу Оклахома и Далас.

Со чисти 4-0 првата плејоф рунда ја мина и Кливленд. Кајри Ирвинг постигна 31 поен, 20 во второто полувреме и го носеше Кливленд до минимална победа од 100:98 над Детроит. На спротивната страна Маркус Морис постигна 24 кошеви.

NBA: Playoffs-San Antonio Spurs at Memphis Grizzlies

Голден Стејт направи нов брејк во Хјустон со победата од 121-94 за 3-1 во победи за актуелниот првак. Но победата на Воините ја засени новата повреда на Стеф Кари кој во самиот финиш на првото полувреме се пожали на болки во коленото.

Американските медиуми шпекулираат со сериозноста на повредата, а црните прогнози се дека можеби го скинал вкрстениот лигамент во коленото.

Клеј Томпсон постигна 23 поени, Андре Игуадала 22 поени, а Дрејмонд Грин мечот го заврши со 18 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

Голден Стејт на овој меч поставија нов плејоф рекорд, откако постигнаа 21 тројка, со што го надминаа претходниот рекорд на Далас и Кливленд.

Двајт Хауард со 19 поени и 15 скокови беше најдобриот играч на Хјустон, а Џејмс Харден, имаше 18 поени, 10 асистенции и 7 скокови.

Бостон израмни на 2-2 во победи против Атланта и ја искористи предноста на домашниот терен. Бостон победи со 104-95 по едно продолжение.

Атланта во третата четвртина имаше предност и од 16 кошеви, но слично како и на третиот меч, Бостон го предводеше Ајзеа Томас со 28 поени, а поддршка доби од Маркус Смарт со 20 и Еван Тарнер со 17 поени.

На Атланта не и помогна ниту маестралната партија на Пол Милсап кој постигна личен плејоф рекорд од 45 поени, 13 скокови и 4 блокади.

За вечерва предвидени се 3 средби. Шарлот-Мајами, Оклахома-Далас и Портланд-ЛА Клиперс.