Кој е планот Б на УЕФА ако во Скопје вечерва биде над 32 степени? (фото)

Екстремно топлото време во Скопје им прави проблеми на организаторите на Супер куп натпреварот 2017, посебно на УЕФА.

Според правилата на УЕФА, доколку температурата на воздухот на почетокот од натпреварот биде повисока од 32 степени тогаш се планирани две паузи за освежување по 30-та и 60-та минута.

Менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо, рече дека условите за игра ќе бидат исти за двата тима, иако тој изминатите денови закажувал тренинзи во 16 часот, со намера играчите да се аклиматизираат на високите температури, но како што кажа „во Манчестер во тој период секогаш имаше дожд“.

Тренерот на Реал пак, Зинедин Зидан, не смета дека тоа што климата во Мадрид е слична со оваа во Скопје ќе биде предност за неговите фудбалери.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ги имаа првите лесни тренинзи на националната арена, а дуелот на „Филип Втори“ започнува во 20:45 часот.