Кошаркарите на актуелниот шампион Голден Стејт не дозволија уште едно изненадување на свој терен и славеа во вториот натпревар од финалето на западната конференција против Оклахома Сити.
Воините победија со 118-91 и израмнија на 1-1 во победи. Стеф Кари кај Голден Стејт постигна 28 поени, а шест други играчи имаа двоцифрен број поени.
Најефикасен на дуелот беше Кевин Дурент со 29 поени.
Следниот натпревар од финалето на западот се игра во недела на теренот на Оклахома Сити каде ќе се одиграа две средби.
Вечерва пак се игра натпреварот број 2 од финалето на источната конференција помеѓу Кливленд и Торонто. Домаќин е Кливленд кој води со 1:0 во победи.
Видео инсерти од мечот…