Каква чистка се спрема во ПСЖ – На продажба дури 11 играчи!

Loading

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, изјави дека е неопходно да се намали бројот на играчи со оглед на тоа што многумина речиси воопшто не играле.

Француските медиуми L’Equipe и Le Parisien се занимаваа со тоа кој би можел да го напушти парискиот клуб, додека Marca додава дека постои можност за заминување на дури 11 играчи, иако не ги споменуваат сите имиња.

Сепак, голем проблем е да се продадат на кого бидејќи имаат огромни плати. Наводно побарале 35 милиони евра за Леандро Паредес, што било премногу за Манчестер Јунајтед, кој поради тоа се откажал од Аргентинецот.

Истото важи и за сенегалскиот дефанзивец Абду Диало, наместо кого Тотенхем го донесе на позајмица играчот на Барселона, Клемент Ленгле.

Би било чудо, пишува Marca, доколку Парижаните ги продадат Џорџинио Вајналдум и Мауро Икарди, чија вредност е падната, но и понатаму имаат високи плати.

Ги споменуваат и Лајвин Курзава, Андер Ерера, Јулијан Дракслер и Нејмар. Но, Бразилецот официјално не е на продажба.