Проблеми во Лејкерс – Двете најголеми имиња не разговаат меѓусебно!

Лос Анџелес Лејкерс се најде во нови проблеми по сезоната во која нејзиниот тим со ѕвезди не се пласираше во плејофот.

фото: Nikki Boertman/AP

Двајцата најголеми играчи, Леброн Џејмс и Расел Вестбрук, не се во добри односи, објавуваат американските медиуми кои пишуваат дека двајцата се сретнале на натпревар од Летната лига и не успеале да разменат ниту еден збор.

Тие меѓусебно се игнорираат, пишува Sports Illustrated и додава дека ова е најголемата вест од претсезонскиот натпревар на Лејкерси.

Не разговарале јавно меѓу себе. Можеби тоа значи нешто, можеби не значи ништо, а можеби значи сè“, пишува Јован Буха од Атлетик.

Да потсетиме, оваа информација доаѓа во момент кога Лејкерс и Бруклин Нетс интензивно преговараат за размена со центар на Расел Вестбрук.

Кајри Ирвинг би можел да замине во спротивна насока.