Каде ќе заврши на крајот Лукаку? – Сега Рома е најблиску до трансфер!

Loading

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се чини дека ова лето повторно ќе го промени клубот.

фото: Soccrates/Getty Images

Лукаку се врати од позајмицата во Интер во Челзи, но не е во плановите на новиот тренер Маурисио Покетино.

Ако им се верува на италијанските медиуми, сега Рома и Мурињо се заинтересирани да го ангажираат.

Претставници на Римјаните пристигнаа во Лондон на преговори со претставници на Челзи околу ангажманот на белгискиот фудбалер.

Лукаку неодамна беше на прагот да се пресели во Јувентус, но до соработка не дојде, па во трката неочекувано се вклучи и Рома.

Како што понатаму пишува италијанскиот печат, Рома сака Лукаку да игра за клубот како позајмен играч до крајот на сезоната.