Сопствениците на НБА тимовите и унијата на судии конечно се договорија за нова седумгодишна соработка.
За НБА од следната сезона започнува нов милијардерски договор со телевизиите, така да и судиите ќе заработуваат повеќе од новата сезона.
Договорот треба да биде легитимно потпишан и верификуван на состанокот кој го одржаа двете страни.
Претходната година играчите во професионалните американски спортови бараа поголеми права и заработувачка, па така оваа година на ред дојдоа судиите.
Освен новиот договор, судиите во НБА ќе добијат многу поволности, тие ќе добијат канцеларии со седиште во Њу Џерси, каде што ќе може да се состануваат и да ја анализираат својата работа.
Новата НБА сезона стартува на 31 октомври.