ВИДЕО: Работнички го елиминираше Трабзонспор и ќе игра бараж со Рубин Казан во Лига Европа

Фудбалерите на Работнички го направија најголемото изненадување во синоќешните реванш средби од третото квалификациско коло во Лига Европа со пласманот во плејоф фазата.

trabzonspor-1-rabotnicki-1

Романтичарите одиграа 1-1 со големиот фаворит Трабзонспор дури по продолжението откако во регуларниот дел мечот заврши идентично како во Скопје 1-0.

Во првото продолжение сериозна шанса за гол имаше домаќинот, преку Јилмаз во 104 минута кога ја погоди стативата, а казната стигна во второто, поточно во 112 минута каде што Илиевски со една одлична дијагонала го пронајде Марковски, а овој со глава го лобуваше домашниот чувар на мрежата за конечни 1:1 и пласман на Работнички во баражот во Лига Европа.

По одигрување на ова 3.коло противник на Работнички во баражот за пласман во групната фаза ќе му биде тимот на Рубин Казан од Русија.

Еве ги најинтересните моменти од реваншот на Трабзонспор и Работнички…