Легендата на НБА тимот Минесота Тимбервулфс, Кевин Гарнет реши да стави крај на својата кошаркарска кариера по 21 сезона во лигата.
Во последната сезона и половина, 40-годишниот Гарнет се врати во Минесота, каде започна во професионалната кошарка во 1995 година.
Тој играше до 2007 година во Минесота, по што премина во Бостон, а потоа и во Бруклин.
Гарнет е 15 кратен ол стар и заработи над 330 милиони долари од плати во кариерата, што е повеќе од било кој друг играч во лигата.
На вечната листа на стрелци е на 17-тото место со 26.071 поен, деветти е кај скоковите со 14.662 и 17-ти кај блокираните удари со 2.037.
Во 2004 година беше најкорисен играч во НБА лигата МВП, а во 2008 година ја освои единствената шампионска титула во кариерата со тимот на Бостон Селтикс.
Гарнет е и олимписки шампион со САД од Сиднеј во 2000 година.