Уругвајскиот напаѓач наскоро се очекува да потпише со Интер Мајами, објави денеска ЕСПН.
Станува збор за 36 годишниот Луис Суарез кој повторно ќе игра во ист клуб со Лионел Меси. Човекот со кој долги години успешно ја делеше соблекувалната во Барселона и освои се што требаше да се освои.
Суарез моментално настапува за бразилски Гремио. Суарез ќе го напушти клубот во декември, на крајот од сезоната во Бразил, потврди тренерот Гаучо.
И покрај тоа што е само половина од двегодишниот договор што го потпиша по пристигнувањето во Бразил, тој ќе се пресели во Мајами.
Покрај Меси, таму го чекаат поранешните соиграчи Алба (34) и Бускетс (35), а на клупата е и Мартино, човекот кој го тренираше во Барселона.