Зошто синоќа не се играа натпревари од НБА лигата?

Loading

Сите љубители на кошарката, а посебно на НБА лигата се навикнати наутро по будењето да ги проверуваат резултатите од измината ноќ во најквалитетната лига на светот.

Но, овој пат не беше така, затоа што на програмата немаше натпревари.

Причината е самата НБА, која одлучи да не игра кошарка ноќта помеѓу вторник и среда.  Во САД се одржуваат локални избори.

Втора година по ред НБА паузира на 7 ноември за да ги поттикне навивачите да излезат на гласање и да гласаат, што и го направија овој пат.

Сепак, сигурно имаше многу разочарани. Тие се надеваа дека ќе гледаат барем еден добар меч како оној помеѓу Денвер и Њу Орлеанс.

На тој меч Никола Јокиќ го собори рекордот на Леброн Џејмс со нов трипл дабл учинок.

Сепак, НБА лигата вечерва продолжува со дури 14 натпревари, односно само две екипи нема да играат вечерва.