(ВИДЕО) Вака изгледа запленетата вила на Роман Абрамович од 110 милиони евра!

Француските власти ја зазедоа вилата на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович на југот на Франција, која претходно како замок им припаѓаше на војводата и војвотката од Виндзор.

„Château de la Croë“ се наоѓа во еден од најпрестижните делови на француската ривиера – Cod Antibes – а локалните агенти за недвижности проценуваат дека вреди околу 110 милиони евра.

Изградена во 1926 година, луксузната вила има над десетина спални соби, осум бањи и се наоѓа на 12 хектари бујна шума и бујни тревници на само неколку метри од Средоземното Море.

Абрамович потроши околу 40 милиони евра за реставрација на замокот откако го купи во 2001 година, изгради 15-метарски базен на покривот и инсталираше масивна теретана и домашно кино.

Но, пред Абрамович да го купи, неверојатниот имот го користеле како викендица поранешниот англиски крал Едвард Осми и војводата и војвотката од Виндзор.

Замокот е еден од 12-те имоти на рускиот олигарх Роман Абрамович кои беа запленети од француските власти поради неговите наводни врски со Владимир Путин.

Инаку заплената е дел од големата операција во која во последните недели беа запленети или замрзнати повеќе од 25 милијарди евра готовина, движен и недвижен имот на руски олигарси, потврди француското Министерство за економски прашања.