Го платија 115 милиони евра, а сега повеќе не сметаат на него – Реал и Анчелоти кренаа раце од белгиецот!

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти повеќе нема да смета на Еден Азар, пишува Марка од Мадрид за статусот на најскапиот играч во историјата на Реал.

Азар оваа сезона одигра само 229 минути.

„Прво беше исфрлен од тимот од Родриго, а сега е во сенка на Марко Асенсио. Дури и Маријано добива шанса пред него. Азар знае дека излезната врата веќе му е широко отворена во јануари“, додава Марка.

Азар беше доведен од Реал во 2019 година за 115 милиони евра, откако една година се бореше да го доведе. Сега неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.

Во Реал би биле најсреќни доколку 31-годишниот Белгиец реши да си замине, бидејќи има договор до крајот на јуни 2024 година.

фото: Profimedia

Сепак, Азар не сака да се откаже од парите кои ги има во Реал и по примерот на Герет Бејл и Иско е подготвен да седи на клупата до крајот на договорот.

Азар заработува околу 31 милион евра годишно и е веројатно најплатениот играч на Реал Мадрид.