Милан е во преговори со Палермо за плејмејкерот Франко Васкес кој се смета за еден од најдобрите офанзивни играчи за врска во Серија А.
Тој веќе две години блеска во дресот на Палермо, па за него интерес покажаа сите големи италијански клубови.
Васкес сигуирно ја игра последната сезона во Палермо, повеќе не можеме да го задржиме бидејќи постои огромен инетерес за него откри претседателот на Палермо, Зампарини.
Милан е во пол позиција за неговиот потпис и веќе се договорил со агентот на фудбалерот.
„Росонерите“ се во напредни преговори со Палермо, а Милан ќе плати 20 милиони евра за неговиот потпис во јануари и ќе го остави на позајмица во Палермо до крајот на сезоната.